CX Meet-up

CX Meet-up

Creative Exchange

17:00-20:00CX Meet-up

Поради ограничените места во кино салата, за овој дел од настанот е задолжителна резервација.

15:00-18:00 CX Meet-up

Поради ограничените места во кино салата, за овој дел од настанот е задолжителна регистрација.

Датум и време: Недела (30ти ноември), 17:00-20:00h
Локација: Кинотека на Р.М.

besmeti-mehmeti

Бесиан Мехмети

Besian Mehmeti Architects

Бесиан Мехмети е основач на студиото БМА во 2012 година, кое е плод на неколкугодишна соработка и freelance искуства во областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот. Откако дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово и неодамна првонаградениот проект за новото основно училиште во Капиштец, Скопје. Има учествувано на неколку изложби, вклучувајќи го Венециското биенале во 2012 година.

Официјален веб Facebook страница

Александар Наумчески

Линијата помеѓу фотографијата и архитектурата

Архитект по професија, основач/партнер во Радиус Архитекти, а фотографијата е негова втора страст. Едноставноста на композицијата, чистиот геометриски израз и графичката експресија се работите кои се обидув да ги постигне и во двете области на неговата работа. Најинтензивно фотографира кога патува. Откривањето на нови места му дава посебен поттик за фотографија.

1x профил 500px профил Facebook страна
aleksandar
nebojsa-gelevski

Небојша Гелевски

(Дигитален) графички активизам

Небојша Гелевски – Бане е првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење, основана во 1993 година. Во 1990-тите, Гелевски е еден од основачите на студентското списание “Елфаско” на Електротехничкиот факултет и е дизајнер на првите 20 изданија.
Во неговата презентација ќе ни прикаже како дизајнот не е само средство за продавање патики и парфеми, туку е исредство кое може да се користи во борба за демократија и против неправда.

Официјален веб Twitter профил

Obey The Giant

Проекција на филм

Оваа проекција е овозможена од designonfilm.mk. Уличниот уметник, графички дизајнер и активист, Шепард Фејри ѝ стана познат на пошироката јавност во 2008 година, за време на претседателските избори во САД, откако го дизајнираше познатиот плакат за Барак Обама насловен како „Надеж“. Следејќи го Фејри како слика една четириметарска фреска, филмот исто така ги ни ги прикажува неговите рани панк-рок денови, од времето кога работел со копир-машини до неговиот подем во кариерата, самостојната дејност која својата моќ ја црпи од технологијата.
Режисер: Онди Тимонер
Година: 2011
Времетраење: 20’

obey the giant

Behance Portfolio Reviews

behance.button

Четири креативци имаат по 3 мин. да го презентираат своето портфолио јавно. После секоја презентација, ќе има дополнителни 5 минути за прашања и коментари од публиката.

nikola-kungulovski

Никола Кунгуловски

Никола ќе ни го претстави своето портфолио кое е спој на архитектура, внатрешен и индустриски дизајн и каде што може да се осети љубовта кон геометриски решенија.

aleksandar-pesevski

Александар Пешевски

Александар е мултидисциплинарен уметник со голема пасија за логоа и плакати кој успева секој концепт да го сведи на еден чист симбол.

apostol-tnokovski

Апостол Тноковски

Апостол постојано импресионира со своите концепти за продукт дизајни. За време на презентацијата ќе дознаеме како доаѓа до нив.

jovana filipovic

Јована Филиповиќ

Јована во своето излагање ќе ни покаже како модата не е само парче облека, туку е уметност која може да се аплицира и прикаже на различни начини.

Резервација за CX Meet-Up

Ако случајно имате проблеми со користење на регистрацијата подoлу, регистрирајте се преку овој линк.

design-on-film-hor

Design On Film

Од 28-30 ноември за првпат се одржува Design on Film фестивалот. Creative Exchange е еден од подржувачите на овој настан, па на некоја начин и ја споивме програмата.
Design on Film е тридневен фестивал на документарни филмови, каде што сите креативци можат да го истражат и прошират своето знаење во областа на уметноста, дизајнот, фотографијата, архитектурата, културата и урбаното живеење.

Види целосна програма Резервирај карти за проекциите
design on film2

Поддржувачи на настанот

Голема благодарност до сите што помогнаа овој настан да се оствари и несебично го споделија своето знаење, време и ресурси и со тоа дадоа голем придонес за македонската креативна сцена.